Ѕвер од 2,9 милиони долари: Најбрзиот електричен автомобил доаѓа од …


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Деновиве на пазарот за автомобили започна продашбата на најбрзиот електричен болид чие производство го потпишуваат Јапонците.

Електричниот ѕвер Aspark Owl својата премиерата ја имаше на Саемот за автомобили во Дубаи. Само за резервација на овој болид треба да се плати 50.000 евра, а почетната цена е од 2,9 милиони евра. Ќе се изработат само 50 примероци од возилото. Најбрзиот електричен автомобил ќе достигнува 100км/час за 1,69 секунди , а до 300 км/час за помалку од 11 секунди. Максималната „графирана“ брзина му надминува 400 км/час.

Сето ова е можно со најсилните електрични мотори вградени во еден автомобил. Четирите произведуваат 1480 kW / 2012 КС и 2000 Nm, и вртат дури 15,000 вртежи во минута. Батериите се само 45 kWh и ќе обезбедат опсег од 450 км. Aspark Owl има височина од само 99 см.

Овој јапонски автомобил следната година ќе го нападне Нирбургринг, а потоа ќе следуваат и првите испораки. Автомобилот ќе се произведува во Италија и за него е задолжен Manifattura Automobili Torino.