Зошто на електричните автомобили „не им оди“ во Германија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германските медиуми веќе ја нотираа и пишуваат за загрижувачко ниската заинтересираност на Германците за електричните автомобили и нивната продажба во оваа држава на автомобилски гиганти, автомобилски стил и вкус. Посебно акцент ставаат на слабата продажба на домашниот модел Мерцедес „EQS“.

Мерцедес „EQS“со производство започна во мај месец а продажбата на овој модел е неочекувано слаба.

За целиот случај пишуваат и германските медиуми кои наведуваат дека во ноември се регистрирани само 19 вакви возила а дека се продадени само 55, и покрај силната маркетиг кампања, резултатите се тави.

Мерцедес имал план да произвеува околу 100 вакви возила дневно, но и да го зголеми производството во 2020, што баш и не им оди по план.

Се поставуваат прашањата дали Мерцедес направил грешка во производството, дали компонентите се лошо изработени или пак едноставно на овој автомобил му требало уште малку време пред излегување на пазарот. Или можеби нешто сосема друго?

Нов проблем се појави во декември кога е објавено дека продажбата на овој модел во САД е одложена за најверојатно 2021 година.

Мерцедес „EQS“ има батерија со капацитет од 80 киловат часа која е тешка 625 килограми, од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,1 секунди а максималната брзина која може да ја развие е 180км/ч.