Ѕирнете во луксузната вила од 2,7 милиони долари со која се поднови Лука Дончиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


НБА ѕвездата на Далас, словенскиот кошаркарски ас Лука Дончиќ, инвестираше во нова недвижнина.

Дончиќ се поднови со нова луксузна вила во Далас вредна 2,7 милиони долари. Вилата која е изградена во далечната 1984 година се простира на повеќе од 500 квадратни метри.

Новиот дом на Дончиќ во Далас има огромен базен во дворот, теретана, а внатрешноста е средена до најситни детали.

Лука Дончиќ со овој потег покажува дека не размислува да ја менува средината, младиот Словенец со Далас инаку потпиша тригодишен договор кој му гарантира заработка од 22 милиони долари.