Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Луис Енрике пред неколку недели се одлучи да игра со формација со три стопери, па така местото лев бек го загуби Жорди Алба.
Алба последните години беше стандарден првотимец во Барселона, но тоа во последно време се промени. Тој не го крие разочарувањето од се помалата минутажа, па во интервју за шпанските медиуми жестоко го нападна Луис Енрике.
„Секој играч мора да има тренер кој ќе му дава дополнителна самодоверба и комплименти на тренинзите или натпреварите, а јас тоа моментално го немам во Барселона. Кога бев стандарден не се жалев на никого, ниту барав објаснување кога губевме, а нема да го правам ни сега тоа“.
„Сите фудбалери сакаат да играат што повеќе и јас сум еден од нив. Вистина е дека претходните години бев стандарден, но не знам што се промени сега“, изјави Алба.