Живот во Боинг 727: Дали би живееле на вакво место, во ваква „куќа“?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако нема „птичји поглед и перспектива“, овој авион Боинг 727 , „сокриен“ помеѓу 10 акри шума во близина на Портланд, Орегон, е идилично живеалиште за Брус Кемпбел.

Брус секоја година шест месеци во годината живее во пензионираниот авион кој во 1999 година го купи за 100.000 долари. Опремен со вода, струја и просторна површина за живеење на ентериерот од околу 330 квадратни метри, авионот-куќа од Кемпбел ги исполнува сите неопходни услови за удобен живот.

Инаку, овој авион истиот тој со кој телото на бродскиот магнат и милијардер Аристотел Оназис било пренесено во Грција за да биде погребано таму. Во истиот тој авион, заедно со телото на Оназис, летала и Џеки Оназис (претходно Кенеди) и семејството на магнатот.