Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
И двајцата тврдат дека со претходниот начин и стил на живеење и исхрана постојано чувствувале подуеност, анксиозност и евидентна појава на темни подочници. Сега и двајцата тврдат дека, откако ги смениле животните навики и исхраната, се релаксирани и се чувствуваат подобро од кога било.
28-годишниот Али Реза Кхорасани од Лондон и 22-годишната Даниела Сира од Шведска за првпат стапиле во контакт на Инстаграм пред 2 години споделувајќи ја страста кон начинот на исхрана базиран на овошје, а брзо потоа процветала и љубовта меѓу нив.
Двајцата страдале од проблеми со здравјето поврзани со исхраната и стресот и сега исхраната им се сочинува само од овошје. Пред тоа се чувствувале подуено и анксиозно, а сега се чувствуваат лесно и убаво и велат дека кожата им е прекрасна.
Повеќе немаат проблеми со вишокот на килограми, акни, подочници, дехидратација, умор, дигестивни проблеми и нарушувања во исхраната, со кои Даниела се борела долго.
Парот често патува во Азија и вели дека таму има најдобар избор на овошје, додека кога се дома во Англија и Шведска консумираат многу банани.
Инспирација за овој потег им бил секогаш енергичниот Мајкл Џексон кој практикувал повремено ваков строг режим на исхрана. Сега се занимаваат и со давање совети за здрав живот и исхрана.
Тие велат дека расположението им е многу подобро од порано, а телото многу поопуштено.
Нормално, треба да се нагласии предупреди дека ова дефинитивно не е препорачливо да го практикува секој по секоја цена, бидејќи телото со ваков строг и ограничен начин на исхрана не ги добива сите потребни хранливи состојки за нормално функционирање.