Жестоко паѓање на спустот во Кицбил при брзина од 146 км/час


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


26-годишниот швајцарски скијач Урс Круенбухл ги шокираше и исплаши сите на патеката во Кицбил откако доживеа опасно паѓање при брзина од 146 км/час на завршниот дел од делницата.

Круенбухл ја загуби контролата токму пред целта на трката и со огромна брзина од 146 км на час падна на глава.

Тој лежеше и не се мрдаше од местото на спустот во Кицбил се додека не интервенираа многумина кои истрчаа да му помогнат.

По укажаната лекарска помош беше пренесен со хеликоптер во болница, а според информациите од болницата, тој е буден со повреди на главата.