Жестока ерупција на Попокатепетл – врели карпи летаа на сите страни (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мексиканскиот вулкан Попокатепетл вчера имаше жестока ерупција во која вжештени карпи од вулканот летале и до далечина од километар и пол.

Од вулканот излегло и големо количество пепел кое се ширело по небото во пречник од три километри. Цивилната заштита на Мексико соопшти дека пепел покрил четири града во близина на вулканот.

Вулканот висок 5.426 метри беше особено активен во последните месеци и неколку пати исфрлаше вжештени камења и пепел.

Во областа од 100 километри околу кратерот живеат околу 25 милиони луѓе.