Home Актуелно Жешко време: Македонија во жолта фаза

Жешко време: Македонија во жолта фаза

Според метеоролошките прогнози, времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со утринска температура од 12 до 20, а максимална дневна од 28 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде слично, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Според УХМР, до сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…