Home Шоубизнис Женската оаза наречена SuperShe – островот на кој се забранети мажи и алкохол

Женската оаза наречена SuperShe – островот на кој се забранети мажи и алкохол

Кристина Рот е бивша сопственичка на консултантска компанија од технолошкиот сектор, која ја продаде за 45 милиони долари и си купи приватен остров за остварување на нејзините прилично интересни замисли, визии и желби.

Таа го купи островот Фјардскар во Финска, и го преименува во SuperShe (островот СуперТаа), каде реши „да им помогне на жените да ја откријат најдобрата верзија на самите себеси – или да станат, како што вели таа, супержени“.

Кристина Рот

Мерин Курото од „Observer“ беше поканета на еднонеделен престој на островот, кој во други, комерцијални услови чини 4.675 долари и е отворен за оние што ги „задоволуваат строгите критериуми за членство“.

На „внимателно програмираната оаза за женско јакнење“ од 8,4 акри нема мажи, шеќер и алкохол (во секоја можна прилика се јадат цвеќиња!), и е луксузно уредена.

Островот може да се пофали со славни шефови на кујни, 2.000 тоалети што го согоруваат изметот и нешто што се нарекува „шумско капење шинрин-јоку“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Бриел Бирман се омажи за Били Сајдл, дел од семејството не присуствуваше на свадбата

Ќерката на Ким Золсијак, Бриел Бирман, се омажи за бејзбол-играчот Били Сајдл на интимна ц…