Жените полудеа по најдобриот пријател од Ѓоковиќ – успеа да ја заведе и Ана Ивановиќ

Марк Стилитано јавноста го знае од 2013 година, кога успеа да ја заведе една од најдобрите тенисерки на денешницата во светски рамки, Србинката Ана Ивановиќ, па оттогаш секој негов чекор на социјалните мрежи го следат илјадници жени ширум светот.

Маркантниот Стилитано воедно е и најдобар пријател на Новак Ѓоковиќ, кого редовно го следи од трибините на турнирите.

Иако и самиот си ја проба среќата во тенисерските води, никогаш не изгради завидна кариера, па почна да се занимава со производство на јахти и останати луксузни возила. Потекнува од доста богато семејство од Монте Карло.