Power Rangers во Русија добија ознака „18+“, дознајте зошто


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најновото продолжение на филмот Power Rangers во Русија доби ознака 18+ бидејќи жолтиот Ренџер, кој го глуми Беки Џи, во филмот е прикажан како LGBT личност.

Тоа го привлече вниманието на рускиот политичар Виталиј Милонов, кој филмот го прогласи за „фашистички“ и тврди дека шири „геј пропаганда“ и промовира „перверзно сексуално однесување“. Тој лобираше филмот и да се забрани, но на крајот успеа да извлече „само“ најстрога ознака 18+ и да им оневозможи на малолетниците да го гледаат на кино.

WDSSPR, дистрибутор на филмот за рускиот пазар, потврди дека на филмот му е доделена таква ознака за возрасни, како резултат на лобирањето на Милонов, пренесува Independent.

Луѓето ширум светот се радуваат на новото продолжение од филмот бидејќи промовира разноликост, а многумина ја поддржаа идејата на авторите Синиот Ренџер да го прикажат како лице со аутизам.