„Жена. Човек. Тишина“ – новa е-збирка поезија на Контекст – Струмица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ со овој четври предизвик годинава (ис)праќа порака до македонската интернет заедница дека издавањето на електронски изданија е исклучително важно за македонската читателска публика и со помош на таквите изданија се мобилизира огромен број на читатели кои можат да допринесат за подобра заедница.

„Жена. човек. тишина.“ е втор online проект годинава кој сака преку ангажирана поезија и во основа ангажиран пристап на авторот да помогне кон осветлување на исклучително важна тема од општеството која покажува негативни оцени во моментот и да се насочи кон расветлување на проблемите со кои се соочува една од најголемите ранливи групи во Македонија. За насилството врз жената сме слушале од памтивек, тоа е наметнато како дел од генетскиот код кај одредена група на граѓани и ваквиот поразличен пристап и анализа на оваа материја е можеби прв од ваков тип.

Со ова ново, четврто по ред електронско издание за оваа година, здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ се приклучува кон 16 дневниот активизам за подигнување на свеста во врска со родово базираното насилство како тема од човековите права, на локално, национално, регионално и интернационално ниво;

Со главната иницијатива за 25 ноември како Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, оваа збирка поезија „жена. човек. тишина“ претставува одговор на колективната незаинтересираност за овој значаен проблем.

Кампањата трае до 10 декември – денот за одбележување на заштита на човековите права.

Во книгата се застапени 20 автори кои се вклучија по претходно објавен повик, како и едукативен материјал кој ќе ви помогне да дознаете повеќе за оваа круцијална општествена тема.