Бунтовниците масовно се предаваат во Алепо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сириските безбедносни сили лојални на претседателот Башар Ал Асад продолжуваат да нижат значајни победи на територијата на источниот дел од Алепо.

Само во текот на последните 24 часа, сириската армија успеала да ослободи дури 15 градски квартови, а оваа информација ја потврдија и од руската и од сириската војска денес. Истовремено, се спроведува голема операција за евакуација на граѓаните од квартовите кои што се наоѓаат во близина на борбите.

Во извештајот на рускиот центар во Сирија стои: Сириските власти сега контролираат 50 градски квартови од истокот на Алепо што претставува 70% од територијата која што иницијално ја контролираа милитантите.

Според последните информации кои што ги пренесуваат руските новински агенции, милитантите започнале масовно да се предаваат. 66 милитанти во текот на вчерашниот ден го положиле оружјето и се предале, а голем дел се уште се кријат низ станбените објекти.

Врз темелот на одлуката на сирискиот претседател Башар Ал Асад, сите милитанти кои што ќе се предадат и ќе го положат своето оружје, а се локални жители на Алепо, веднаш од сириските власти добиваат целосна амнестија.

Во текотна вчерашниот ден пристигна потврда дека војската ја превзела контролата над Стариот град во Алепо. Покрај тоа, превземени се и два градски квартови од Алепо Цитаделата – Агхиур и Баб Ал-Хадид. Бројни други градски квартови како што се Карм Ал-Дада, Карм Ал-Катирји, Ал-Шар, Ал-Марџех и други, од вчера се под контрола на сириската војска.