Железничарите до министерот: Јануари го одработивме и сакаме да ни биди платен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Железничкиот сообраќај и денеска ќе биде во прекин поради протестот на вработените во Македонскiи железници. Работниците не се согласуваат да почнат да работат без да им биде исплатена јануарската плата, како што бараше вчера министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Не е точно тврдењето на министертот за транспорт и врски дека ние сме сакале да ни се плати нешто што не сме го одработиле. Ние го одработивме јануари, Железница за овој месец ги фактурирала трошоците и загубата, а плата нема. Значи не е проблемот во тоа дали работиме или не. Сакаме она што сме го изработиле да ни се плати. Сe додека парите не легнат на нашите сметки ние ќе протестираме. И да потсетам ние сме на работните места и чекаме, вели Ѓоко Илиевски, од Иницијативниот одбор на протестот.

Вработените бараат редовна исплата на платите како што предвидува Законот.

Вчера министерот Мисајловски изјави дека Министерството за транспорт и врски во својот буџет има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но нема законска можност да ги исплати сѐ додека претпријатието не работи.

За да ги добијат парите МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура треба да работат. Сeшто ќе сработат во текот на месецот треба да го фактурираат до Министерството за транспорт и врски, а Министерството веднаш да ги исплати сите средства, бидејќи тоа се оперативни трошоци што ги покрива Владата. Сѐ она што ќе биде профит и приход на претпријатието останува таму, но за да ги фактурира сите оперативни трошоци и загуби мора да работи, рече Мисајловски.

Вработените во Мекедонски железници протестираат втора недела, откако со месеци добиваа плата со задоцнување. Пред една недела им беше исплатена декемвриската плата, а за јануарската претходниот директор на МЖ Транспорт Никола Костов им вети дека ќе ја добијат во два дела. Првиот до крајот на февруари, а вториот до 10 март. До денеска не е исплатен првиот дел, а вработените стравуваат дека ако не им се исплати платата ќе го изгубат и здравственото осигурување.

Минатата недела Костов поднесе оставка, а на негово место Владата за в.д. директор го назначи Игор Коруновски, кој прво што направи оствари средба со владини претставници но не информира што се договорил.