Жан-Пол Белмондо замина во вечноста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерската ѕвезда на легендарниот филм на Новиот бран, „До последен здив“ на Жан-Лик Годар, славниот Жан-Пол Белмондо, почина на 88-годишна возраст.

Кариерата на Белмондо траеше половина век. Белмондо, кој во 1960-тите отелотвори нов тип на машка ѕвезда која се карактеризира со чиста мажественост, а не со класична убавина, играше во над 80 филмови и работеше со многу големи француски режисери, од Франсоа Трифо до Клод Лелуш. Неговиот избор на улоги беше разновиден, од реномирани уметнички филмови до акциони драми и комедии.

Неговиот неконвенционален изглед – сплескан нос, полни усни и мускулеста градба – му овозможи да игра улоги од насилник до полицаец, крадец до свештеник, од Сирано де Бержерак до непоколеблив таен агент. Белмондо исто така беше надарен спортист кој често сам ги играше акционите сцени место каскадери.

Актерската кариера ја почна во мали провинциски театри, а во Париз во 1958 го забележа надежниот режисер Годар, кој го повика да игра во краток филм. Отпрво, Белмондо не го сфатил сериозно.

„Зборував со жена ми и таа рече,’Прифати, ако те малтретира урди му една“, рече Белмондо во интервју во 1999.

Првата улога му беше во 1960 во „Пресметај го сиот ризик“ на Клод Соте, а истата година играше во „До последен здив“, кој го најави францускиот Нов бран. Белмондо во овој филм играше со американската актерка Џин Сиберг, која глуми колпортерка на „Њујорк хералд трибјун“ на Шанзелизе. Играше и во „Модерато кантабиле“, „Картуш“ и „Лудиот Пјеро“ а во 1988 освои Цезар за „Патека на размазеното дете“ на Клод Лелуш.