Црни бројки: Сè повеќе млади лица ја губат битката со Ковид-19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според вчерашаната статистика за актуелната состојба со Ковид-19 во Македонија, беа регистрирани 32 лица кои починале по компликации со ковид 19.Меѓу нив најмладата жртва беше на 35-годишна возраст.

Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека сите млади лица кои го изгубија животот во изминатите денови по компликации со коивд 19 биле невакцинирани.

Тој денеска истакна дека во болниците има пациенти со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти.

-Имаме и со Фајзер, и со Спутник, и со кинеската, имаме и пациенти од странство кои се вакцинирале во странство со Модерна, значи во тој дел нема некоја разлика, изјави министерот Филипче.

Министерот за здравство додава и дека најголем број на хоспитализирани вакцинирани пациенти се со примена една доза.

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781