Home Спорт „Земјотрес во Минхен“: Анчелоти заминува во јануари

„Земјотрес во Минхен“: Анчелоти заминува во јануари

Карло Анчелоти ќе го напушти минхенски Баерн во јануари 2018 година тврди поранешниот германски репрезентативец Марио Баслер.

„Дознав дека Анчелоти веќе потпишал договор со кинески суперлигаш. Тој во јануари ќе го напушти Баерн, бидејќи тогаш започнува сезоната во Кина. Не можам да кажам дека е 100% сигурно, но мојот извор е многу сигурен во тоа“, открива Баслер.

Анчелоти има уште две години од договорот со Баерн, па оваа изјава на Баслер сеуште е на ниво на шпекулација.

Ова е само уште една во низата вести кои го раздрмаа баварскиот гигант, откако Левандовски јавно ја критикуваше работата на раководството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…