Home Шоубизнис Милијардерот Бренсон не бега од „Ирма“ – еве каде се засолна при налетот на ураганот

Милијардерот Бренсон не бега од „Ирма“ – еве каде се засолна при налетот на ураганот

Пред налетот на опасниот ураган Ирма, засолниште бараше и познатиот британски милијардер Ричард Бренсон.

Од застрашувачката непогода, која го затекна на неговиот приватен остров Некер, еден од Британските девствени острови, се засолнил во својот вински подрум.

Основачот на Virgin групата напиша на својот блог дека одлучил да избегне евакуација и да остане на својот остров, како што правеше „три пати откако оттука минуваа урагани во изминатите 30 години“, објави US Today.

Во пресрет на налетот на Ирма, Бренсон ги повикал жителите на Британските девствени острови да побараат засолниште ако е тоа можно и да направат план.

Ноќта пред ураганот да го погоди и неговиот остров, Бренсон на Твитер објави дека со својот тим преспал во две простории, додавајќи дека така не спиел откако бил дете.

Во блогот подоцна напиша дека со тимот планира од ураганот да се засолни во вински подрум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Се подготвува мјузикл за Ејми Вајнхаус на лондонскиот Вест Енд, наводно вклучен и нејзиниот татко

Животот и музиката на Ејми Вајнхаус би можеле да оживеат на лондонскиот Вест Енд. Проектот…