„Земјата во шумата почна да дише“ – дали е ова реално? (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На снимката која е направена минатата недела во шумата во канадски Квебек, земјата изгледа како во еден момент да почна „да дише со полни гради“. Но, за оваа појава постои логично и реално објаснување.

Видеото на кое се гледа како земјината површина сосе дрва се подига и спушта е снимено во областа Скер-Куер во Квебек, а снимката со експресна брзина стана вирален хит на социјалните мрежи.

„За време на бурите, земјата станува заситена од вода, со што се намалува кохезијата на тлото“, објаснува геологот Дејвит Бресан за Forbes.

„Кога силен ветар ги ниша крошните од дрвата, силата според принципот на лост се пренесува од стеблото на корењето и површината почнува да се подигнува“, објаснува тој.

Бресан објаснува дека овој феномен најчесто може да се види кај смреките, поради нивниот специфичен состав на корени.

„Корен со должина од 1,30 см може да издржи речиси 150 килограми пред да пукне, што е доволна сила да ја подигне површината од земјата и помали карпи. Само ако е ветрот доволно силен и таа бура доволно долго трае, дури тогаш дрвото ќе биде откорнато“, додава тој.