
Били Кристал се врати на Бродвеј со новата претстава „860“, а поради големиот интерес од публиката, нејзиното прикажување е продолжено.
Легендарниот актер минатата недела ја прослави премиерата пред публика во која имаше бројни познати личности. Претставата доби и одлични критики.
Првично беше предвидено ограничениот циклус изведби на „860“ да заврши на 3 јануари 2027 година, но сега претставата ќе остане на репертоарот до 14 февруари 2027 година.
Каква приказна раскажува „860“?
Откако го загуби домот во пожарите во Палисејдс, Били се навраќа на семејството и кариерата, на најважните спомени и мигови, но и на моќта на смеата да помогне во надминувањето на најтешките периоди. „860“ е духовита и интимна приказна за семејството, пријателството, љубовта, среќата и загубата.
Монодрамата содржи оригинална музика и музички адаптации од Марк Шајман, добитник на наградата „Тони“.
Што велат критичарите?
„Брилијантно духовита. Кристал е сосема свој кога на сцената се навраќа на минатото“, напиша Лора Колинс-Хјуз во „Њујорк тајмс“.
„Брилијантно осмислена и исклучително трогателна. ‘860’ е бродвејска магија“, оцени Чарлс Мекналти во „Лос Анџелес тајмс“.
„Оценка: А! Били Кристал ја фаќа публиката за рака и не ги пушта нејзините срца“, напиша Џејми Ганц во „Ентертејнмент викли“.
„Изведувач што обележува една генерација. Били Кристал повторно носи многу смеа на Бродвеј“, порача Џони Олексински во „Њујорк пост“.
Кој присуствуваше на премиерата?
Меѓу познатите лица на премиерната вечер беа Марк Шајман, Нејтан Лејн, Тифани Чен, Роберт де Ниро и Спајк Ли.

Били Кристал

Марк Шајман и Били Кристал

Били Кристал и Нејтан Лејн

Тифани Чен, Роберт де Ниро и Спајк Ли
Извор: Just Jared