Земјата го губи својот космички сјај поради климатските промени


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Експертите детектираа дека нашата планета изгубила дел од својот сјај за неколку години и дека веројатно за тоа се виновни климатските промени.

Имено, како што океаните се загреваат, се создаваат помалку светли облаци, што значи дека помалку сончева светлина се рефлектира назад во вселената – и тоа уште повеќе ја загрева планетата.

Научниците го измериле нивото на рефлексија (албедо) на Земјата со анализа на нејзината светлина што ја осветлува Месечината. „Земјениот сјај“ е термин што го опишува слабото осветлување на Земјата од Месечината. Кога ќе ја погледнете полумесечината кратко време по зајдисонце или пред изгрејсонце, понекогаш може да се види, заедно со неговиот сончев дел, остатокот од Месечината како темен диск. Тој блед сјај на неосветлениот дел од Месечината е всушност светлината што се одбива од Земјата.

Албедо покажува колку светлина се рефлектира од површината на телото, односно односот на рефлектираната светлина со светлината што паднала врз него.

Студијата се базирала на речиси 20 -годишни податоци, што биле собрани од 1998 до 2017 година. Мерењата покажале дека Земјата сега рефлектира околу половина вати помалку светлина по квадратен метар во споредба со 1998 година, што е еквивалентно на намалување од 0,5 проценти во одразот на Земјата. Патем, нашата планета рефлектира околу 30 проценти од сончевата светлина што стигнува до неа.

„Падот на албедо забележан во последните три години, не` изненади, особено затоа што беше на стабилно ниво 17 години пред тоа“, рече теорискиот физичар Филип Гуд од Технолошкиот институт во Њу Џерси.

Светлината на Земјата зависи и од сончевата светлина што ја достигнува и од одразот на планетите. Оваа студија покажала дека овие два фактори не се совпаѓаат и дека нешто на Земјата предизвикува губење на нејзиниот сјај, особено во последниве години, пишува Science Alert.

Сателитските мерења што ги проучувале научниците покажуваат дека намалениот број на рефлектирачки, ниски облаци над источниот Тихи Океан значително придонеле за намалување на светлината на Земјата.

И целиот овој процес е многу веројатно поврзан со климатските промени. Имено, во истите области каде што е забележана помала количина на рефлектирачки облаци, забележано е зголемување на температурата на океанот. Зголемената температура на океанот веројатно се должи на механизмот поврзан со климатските промени, наречен Пацифичка декадна осцилација (ПДО).

„Земјиното албедо е суштинска одредница за нејзината клима бидејќи, во поширока смисла, климатските промени произлегуваат од истовремената еволуција на сончевиот интензитет, албедо на Земјата и ефектот на стаклена градина“, напишале научниците во својот труд.

Студија наречена Earth’s Albedo 1998–2017 as Measured From Earthshine е објавена во списанието „ Geophysical Research Letters “.