Французин со петиција ќе се обиде да ги замолкне локалните камбани – удираат 564 пати преку ден и 160 пати ноќе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Непроспиени ноќи поради честото ѕвонење на црковните sвона во малиот француски град Шејрат, го натерале еден жител да тргне во јавна битка во обид да ги замолчи во текот на ноќта, пишува германската новинска агенција Dpa.

„Ѕвонат 564 пати во текот на денот и околу 160 пати во текот на ноќта“, вели Гаел Дрилон, кој со семејството се преселил во Шејрат, за ведникот Ле Дофин.

Бучавата достигнува 38 децибели во неговата куќа, изјавил тој за новинскиот портал Франс Блеу.

Локалните власти во близина на Клермон-Феран во регионот Оверн-Рона-Алпи сега имаат тежок избор. Петицијата на Дрилон да ги замолчи камбаните помеѓу 22 часот и 8 часот наутро добила само 17 потписи во град со 6.500 луѓе.

Застапниците на ѕвонењето организирале контра-петиција, тврдејќи дека „душата на селото“ ќе биде во опасност ако ѕвоната повеќе не бијат нормално, објавил Ле Дофин.

Градоначалникот одбил да воведе промени во ѕвонењето, па затоа го упатил предметот до општинскиот совет. Се чека одлука.

За молитвата Aнегелус ѕвоната ѕвонат три пати на ден – околу 70 пати секое од нив. Покрај тоа, ѕвоната го објавуваат времето на секои половина час.