Здравствен пекол во перуанското село Шипибос: Скоро сите жители заразени од коронавирусот – докторот ги напуштил


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скоро сите жители, или поточно околу 80 проценти од населенито во перуанското село Шипибо, имаат КОВИД-19, вклучувајќи го и Елиас, медицинскиот техничар, кој заедно со уште двајца други, се грижи за повеќе од 700 луѓе.

Порано имало и доктор во Шипибос, но ја напуштил работат кога започнала пандемијата на коронавирус и само медицинските техничари останале во селото.

„Многу ни е тешко. Во последните три дена ги искористивме сите лекови што ни ги испратија властите. Ништо не ни преостана“, изјави Елиас и додаде дека селото е толку далеку од поголемите градови што не знае кога, ако воопшто, стигне нова пратка на лекови.

„Јас сум позитивен на коронавирусот од претходниот ден. Но, продолжувам да работам. Морам да им помогнам на другите“, изјави медицинскиот техничар.

Новинарите на Си-Ен-Ен го снимале Елиас при посетата на 32-годишен маж, кој е болен од ковид-19 последниве две недели и не може да застане на нозе. За тој период изгубил скоро 8 килограми и сè уште има треска.

„Имам проблеми со срцето. Чувствувам како да ќе ми престане“, рекол заразениот човек.

Во градот Пукалпи во источно Перу, болниците се преполни, нема веќе кревети за болните, а лекарите работат во смени од 12 часа. Им недостасува медицински персонал, но и опрема и лекови. Главната болница во градот има само 4 легла за интензивна нега и само еден од 10 критично болни пациенти ќе преживеат.