После „Оскарите“, одложено доделувањето и на „Златните глобуси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Церемонијалното доделување на филмските награди „Златен глобус“ ќе биде одржан на датумот кој првично беше предвиден за фамозната церемонија за доделување на Оскарите.

Свеченото доделување на наградите Златен глобус ќе се одржи на 28 февруари 2021, а не во јануари како што е вообичаено, објавија организаторите.

Наградите Златен глобус ќе бидат доделени во викендот кој беше предвиден за доделувањето на Оскари, а свеченоста за нивното доделување е веќе одложена за 25 април.

Редовниот ритам на холивудската филмска индустрија е целосно попречен заради пандемијата на коронавирусот која ги затвори кино салите.

Академијата за филмски уметности, која го организира доделувањето на Оскарите, минатата недела најави дека ќе ги намали критериумите за да се овозможи за награда да конкурираат повеќе филмови кои се објавени на филмските платформи.

Исто така рокот до кој филмовите мораат да стигнат во кино салите за да влезат во трката за номинации е продолжен. Рокот од 31 декември 2020 е поместен на 28 февруари 2021.

Поголем број американски кино сали се затворени и бројни снимање се прекинати поради страв од новиот вирус.

И организаторите на други доделувања на филмски награди, најавија одложување на нивните манифестации.