Минимум 11 денари за „смедеревка“ и 13 за „вранец“ – барање на лозарите од тиквешијата


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде!


Здружението „Напредни лозари“ од Кавадарци, кое ги застапува лозарите од тиквешијата, бара минимум откупни цени од 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата.

-Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род. Короната нé спречи малку во активностите, но сепак работиме на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваме и можностите за извоз на грозје, велат од Здружението за МИА.

За вечер е закажан состанок во мал состав за сите отворени прашањаоколу производството и пласманот на грозјето од годинашниот род. На состанокот ќе бидат испочитувани мерките за заштита од коронавирус.