Home Живот и здравје Здрава препорака: Неколку вида на чаеви кои ви ја враќаат виталноста и енергијата

Здрава препорака: Неколку вида на чаеви кои ви ја враќаат виталноста и енергијата

Уморот и падот на енергијата може да бидат резултат на нередовната и несоодветната исхрана. Затоа, без разлика на работните обврски, важно е секогаш да се грижите за редовните и здрави оброци.

Енергијата за многу брзо време може да ја повратите со банани и бадеми, но ако не сте расположени за грицкање, тука се чаевите.

Еве неколку вида чаеви  кои влијаат на враќањето на енергијата.

Ѓумбир – Чајот од пикантен ѓумбир може да се пие топол или ладен, а главната карактеристика му е да го загрее организмот, да ги намали воспалителните тегоби и да го подобри имунитетот.

Ментол – делува смирувачки и ги зајакнува нервите. Ако чајот го комбинирате со рузмарин и маточина, ќе ја зголемите психичката отпорност и побрзо ќе се опоравите од емотивната нестабилност. Исто така ќе ви се повратат позитивните мисли.

Лимон – ја враќа енергијата и го подобрува имунитетот. Се препорачува да се пие во првиот дел од денот, бидејќи може да ве расони.

Зелен чај – содржи кофеин па се пие како стимуланс, но и како силен имуностимулатор. Зелениот чај е сојузник на многу диети бидејќи помага при согорување на мастите.

Црн чај – поради кофеинот делува стимулирачки и ја намалува поспаноста и уморот. Може да го консумирате наместо кафе.

Шипка – богата е со флавоноиди и неговата улога во оправувањето на организмот е голема. Има интензивна арома која ќе ве расони.

Коприва – силно средство за прочистување на крвта, а може да придонесе и при побрзо исфрлање на отровите од телото.

Лотос – се препорачува да се користи за дишните органи, а особено за акутен и хроничен бронхит.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Знаци дека навистина треба да побарате помош од брачен советник

До пред само неколку години, барањето помош од брачен советник кога ќе се појават нерешлив…