Највисока во Словенија, најниска во Македонија: Еве ги просечните плати во бившите СФРЈ земји


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Највисока плата во земјите од поранешна Југославија минатата година добиле Словенците, а најниска, Македонците, пишува босанскиот портал Вијести.

Според податоците за октомври минатата година просечната плата во Словенија била 1020,40 евра. Иако таа била највисока во регионот, во споредба со крајот на 2015 година е намалена за 15,20 евра.

Во Македонија просечната плата во октомври минатата година била 363,80 евра и не само што била најниска во регионот, но и за 9,20 евра помала во споредба со претходната година.

Според последните податоци, просечната плата во Хрватска во минатата година била 749,70 евра, во Црна Гора 503 евра, во Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369,70 евра.

Во Хрватска и Босна и Херцеговина просечната плата е намалена во споредба со претходната година односно со 12,30 и 2,50 евра. Во Црна Гора во 2016 година просечната месечна плата порасна за 13 евра.

Минатата година најголемо зголемување на просечната плата во споредба со 2015 година имало во Србија. Таму просечната плата се зголемила за 42,70 евра, но сепак останала меѓу најниските во регионот.