Home Живот и здравје Здрав и вкусен: Направете си крем од лешници со само три состојки

Здрав и вкусен: Направете си крем од лешници со само три состојки

Купечките слатки кремови од лешници и други намирници не само што држат висока цена (барем оние кои ги сметаат за поквалитетни), туку за нив и не сме на чисто дали се сосема здрави и нештетни (а не се) за нашето здравје.

Затоа ви го даваме овој рецепт за одличен и здрав крем од лешници кој можете да си го направите со само три состојки.

Состав:

две чаши лешник (380 гр)
половина чаша јаворов сируп (125 мл)
3 лажички сурово какао во прав
Упатство:

За почеток, потребни се 10 минути печење на лешници на 180 степени. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да се оладат, отстранете ги лушпите и ставете ги во доволно силен блендер. Целта е со блендирање да се претвори во паста. Кога ќе ја добиете посакуваната структура на лешниците, додадете го јаоровиот сируп, потоа и какаото.

Вашиот здрав крем е подготвен!

Овој совршен крем може да се користи на 100 начини, но ние ви ги предлагаме палачинките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дали правилно ги консумирате чиа семките? Сè што треба да знаете за максимални придобивки

Дали правилно ги консумирате чиа семките? Сѐ што треба да знаете за максимална корист Чиа …