Home Наука и техонологија Збогум California T, здраво Portofino: Ferrari го лансира новит „ѕвер“ на асфалтот

Збогум California T, здраво Portofino: Ferrari го лансира новит „ѕвер“ на асфалтот

Ferrari го претставија новиот GT кабриолет кој треба да го замени моделот California T и за прв пат во живо ќе биде прикажан на Frankfurt Motor Show во септември.

Наречен Ferrari Portofino, во споредба со California T е помоќен, полесен, и со поагресивен и аеродинамичен дизајн.

Моторот е истиот 3.9 литарски турбо V8, но модификуван со нови компоненти и рекалибриран софтвер за негово менаџирање – тој ќе има моќност од 600 коњски сили, што е за 40 повеќе од сегашната верзија.

Со тоа е скратено и забрзувањето од 0-100км/ч кое ќе изнесува 3.5 секунди, додека максималната брзина ќе биде 320км/ч.

Во Portofino ќе биде вградена последната генерација на електронскиот заден диференцијал на Ferrari, наречен E-Diff3.

Во поглед на дизајнот, Portofino има поагресивна предница со LED фарови инспирирани од моделот 488 GTB, додека во внатрешноста е вграден нов infotainment систем со 10.2 инчен touchscreen диплеј, нов волан и седишта, како и infotainment систем за патниците на задните седишта.

Ferrari сè уште немаат ги немаат објавено цената и датумот кога Portofino ќе се појави на пазарот, но тие информации се очекуваат кога ќе дебитира во Франкфурт во септември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…