Затворени сите македонски гранични премини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија ги затвора сите гранични премини како и скопскиот аеродром, донесе одлука Владата на последната владина седница одржана синоќа.

Оваа одлука ја соопштија министерот за здравство Венко Филипче и на министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција по синоќешната владина седница. Границите се затвораат за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, Граничниот премин, освен за државни, воено, карго и медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

„Не патувајте. Тој што утре планира да патува, неизвесно е кога ќе може да се врати оти државите затвораат граници, аеродроми. Немаме контрола врз границите на трети држави. Време е да седиме дома, да бидеме храбри и смирени. Тие, пак, што имаат регулиран престој во трета држава, да се воздржат од враќање и да ги следат препораките на тамошните власти“, апелира министерот за надворешни работи, Никола Димитров на вечерашната прес-конференција во Владата.

Тој се осврна и на состојбата со македонските државјани кои се заглавени или затечени на граничните премини. Ако внимание вчера беше насочено кон граничните премини меѓу Хрватска и Србија и Унгарија со Србија, попладнево фокусот бил насочен на унгарско-српската граница.

„Вечерва на унгарско-српската граница има приближно 200 македонски граѓани кои со помош на Романија и на Бугарија се очекува да пристигнат на граничниот премин „Деве Баир“ изутрина. Постои можност за организирање на хуманитарен конвој, но тоа е процедура и нема гаранција дека ќе биде дозволен. Повици има многу вечерва, од Загреб, од Виена, има брачен пар во Њујорк, мора да најдеме решение да ги вратиме дома“, истакна Димитров.

Освен апелот до македонските граѓани во земјата да се воздржат од патување и до македонските граѓани во странство да се воздржат од враќање дома, Димитров ги посочи и најавите од Европската Унија за затворање на границите во Шенген зоната за несуштински патувања. Дали ќе биде донесена таква одлука, според шефот на дипломатијата, останува да видиме.