Заработуваат до 40.500 евра: Престолнината на „веб-кам“ секс моделите се наоѓа во…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Има сè повеќе девојки кои пред компјутерските камери изведуваат секс шоу, а градот кој од оваа индустрија заработува милијарди евра е Букурешт, најголемиот и главен град во Романија.

Местото има најдоходовен пазар со секс преку камера на светот, но иако заработката се искачува над 300 милиони евра, за романската власт оваа индустрија не постои.

„Ваквиот вид на видеочет е апсолутно нерегулиран. Мислам дека политичарите не сакаат да донесат прописи за ваква работа, бидејќи се плашат од напади од граѓаните“, вели Адриан Дохотару, член на парламентот.

Ваквиот однос ги остава работодавците во „веб-кам“ секс индустријата во таканаречена сива зона, бидејќи иако плаќаат данок, работата на девојките не им е призната.

Сепак, илјадници девојки се решаваат токму на овој начин на заработка, пишува Vice.

„Самохрана мајка сум и тешко ми е да заработам доволно за живот, но со оваа работа си купив куќа, имам автомобил и можам на своето дете да му овозможам подобро образование“, вели Пенелопе, една од веб-кам девојките од Best студио.

Иако пред камерите без проблем се разголуваат, за разговор, сепак, не се многу расположени проади срам и осудите од средината.

„Подобро е да бидеш курва во клуб секој викенд, отклку жена која сама себе си е шефица и која чесно заработува“, смета Пенелопе.

Сопствениците им помагаат на девојките да најдат сместување, им даваат опрема за снимање и простор во кој ќе работат, а за возврат земаат околу 40 насто од нивната заработка. Без оглед на тоа, на овие девојки им останува сума на пари со кои можат добро да живеат во земјата која „не нуди многу можности за жените“.

Од 8.000 па до 50.000 долари месечно се сумите кои ги заработуваат девојките вработени во студиото Best, најголемата романска агенција.

„Ниедна друга работа не би ми го овозможила она кое го имам овде“, заклучува Пенелопе заедно со уште 12 девојки кои се вработени во оваа агенција и кои во неа гледаат посветла реалност од онаа која ја имале претходно.