Милан ја „краде“ најголемата желба на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сериозно се вклучил во траката за младата ѕвезда на Ајакс и холандски репрезентативец, Матијас де Лихт.

Де Лихт важи за еден од најталентираните дефанзивци во светот и за него силен интерес покажуваат Јувентус, Тотенхем, клубовите од Мачестер, но особено Барселона.

19-годишниот дефанзивец е приоритет на Барселона бидејќи во него гледаат иделен наследник на Пике, а каталонските медиуми пренесуваат дека клубот ќе се обиде уште во јануари да го донесе на „Камп Ноу“.

Сепак, медиумите на Апенините тврдат дека Милан е сериозна конкуренција и е спремен да го „украде“ играчот пред носот на Барселона. Наводно „росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент Мино Раиола.

Раиола е во одлични односи со новиот спортски директор, Леонардо и е спремен да го донесе својот пулен на „Сан Сиро“, а цената на дефанзивецот моментално изнесува помеѓи 50 и 60 милиони евра.