
Адам Сендлер ја прослави големата победа на својот долгогодишен пријател Езра Фреч.
Во вторникот вечерта, на 24 ноември, 21-годишниот параолимпиец и неговата професионална танцова партнерка Даниела Карагач беа прогласени за победници на 35. сезона на „Танц со ѕвездите“.
Следниот ден, 60-годишниот Сендлер објави емотивна видеопорака на Инстаграм, со која му го честиташе триумфот на Езра.

„Езра, леле, повторно си крал. Навистина си неверојатен“, порача ѕвездата на „Хепи Гилмор“. „Те знаеме уште од мал. Отсекогаш си бил легенда. Отсекогаш сме те сакале и сме зборувале за тебе. Уште од основно училиште си огромна инспирација за сите, и еве, повторно успеа, друже. Ти си инспирација за целиот свет.“
Посакувајќи му уште многу успеси на атлетичарот, Сендлер му порача да ужива во овој момент.
Видеото го заврши со зборовите „љубов до семејството од сите нас“, а потоа испрати бакнеж кон камерата.
Во коментарите под објавата, Езра му одговори: „ТЕ САКАМ, АДАМ!!!!“, додека 33-годишната Даниела остави емотикони со виолетово срце и со споени дланки.

Пријателството меѓу Сендлер и Фреч датира најмалку од 2016 година. Тогаш актерот од „Големи деца“ присуствувал на второто издание на „Ејнџел сити гејмс“, настан по примерот на Параолимписките игри, со повеќе од 20 различни адаптирани спортови.
Езра ги основал игрите во 2013 година, кога имал само осум години.
На настанот во 2016 година, Адам и Езра заедно играле кошарка во инвалидски колички.
Извор: Just Jared