Клоп: Во фудбалот второто место е ништо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му е јасно дека второто место во фудбалот не значи ништо, но сепак нема идеја кога ќе почне да освојува титули со „црвените“.

Ливерпул последен пат освоил трофеј во 2012 година, а со клуп загуби три финалиња, во Лига Европа, Лига Купот и Лигата на шампиони.

„Никој не сака после 10 или 20 години да погледне назад и да каже дека најдобриот период го имавме со Клоп, но не освоивме ништо. Имаме време пред нас да оствариме нешто посебно. Можам да гарантирам дека добро се развиваме, напредуваме и сигурен сум дека нешто ќе освоиме. Во други спортови кога ќе освоиш второ место добиваш сребно, но во фудбалот второто место е ништо“, истакна Клоп.

„Кога ќе освоиме нешто? Искрен да бидам, немам идеја кога ќе се случи тоа. Но сигурен сум дека клубот ќе освои нешто, само не знам кога, па ајде да видиме кога тоа ќе се случи и да влеземе во убав период“, додаде Германецот.