Запознајте го Норман – роботот психопат кој е опседнат со смртта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Научниците од Massachusetts Institute of Technology (MIT) создадоа вештачка интелигенција која се храни само со бизарни и насилни содржини кои ги наоѓа на социјалната мрежа Reddit.

Злобната вештачка интелигенција наречена Норман, според ликот Норман Бејтс од филмот Psycho, претставува „студија за проучување на опасностите од вештачката интелигенција ако нештата тргнат на лошо и кога надворешните податоци се користат во алгоритмите на механичкото учење“, стои на сајтот од MIT.

Норман беше подложен на тест за личноста со отпечатоци од мастило кои психолозите ги користат за да ги одредат личните карактеристики на личности или да ги сфатат емоционалните карактеристики на некое лице.

Во првата дамка од мастило во која нормално програмирана вештачка интелигенција би препознала јато птици кои стојат на гранка, норман виде човек кој седи на електричен стол и се тресе до смрт од струјниот шок.

Таму каде што нормалната вештачка интелигенција би идела црна и бела птица, човек кој држи чадор или свадбена торта, Норман гледаше човек кој е вовлечен и убиен од машина за тесто, човек кој го гази возач кој вози пребрзо и човек кој го убиваат со пиштол пред неговата жена која вришти.

„Норман само ги набљудуваше ужасните слики, така што гледа смрт во сè што ќе погледне“, велат научниците за CNN.

Сепак, науниците сметаат дека не се сите шанси загубени за Норман. Тимот верува дека Норман можат да го истренираат да има помалку психопатски поглед на светот и тоа така што ќе му покажуваат човечки реакции на истиот тест со отпечатоците од мастило.

Сеедно, приказната за Норман ги ужасна корисниците на социјалните мрежи. „1984: Како настанал Терминатор? Кој мислеше дека е добра идејата да се направи робот психопат“ 2018“ беше само еден од низата коментари поттикнати од овој експеримент.