Актуелно

Двајца од обвинетите во случајот за обидот за убиство на Села ја признаа вината

Двајца од деветтемина обвинети во случајот за нападот на пратеникот Зијадин Села, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски, обвинети за нападот на пратеникот Зијадин Села на 27 април 2017 година во Собранието, денеска ја признаа вината, пренесува Нова ТВ.

Адвокатот Дончо Наков побара за неговиот клиент Георгиевски процесот да биде одвоен од останатите обвинети.

Признавајќи ја вината, Павлевски рече дека кривичното дело го сторил во излив на нервоза.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продоли судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков.

To Top