Замина авторот на култната „Gangsta’s Paradise“: Почина славниот рапер Кулио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот рапер Кулио ненадејнио почина на 59-годишна возраст. Кулио стекна светска слава со култниот хит “Gangsta’s Paradise” објавен во 1995-та година, кој станал еден од најпопуларните таа деценија.

Неговиот долгогодишен менаџер Џарез Пози за американските медиуми изјавил дека раперот бил во посета на пријател во куќа во Лос Анџелес и дека бил пронајден како лежи во бањата, без знаци на живот.

Не е објавена причината за смртта, но менаџерот за “TMZ” рекол дека лекарите веруваат дека Кулио имал срцев удар.

Кулио, чие име е Артис Леон Ајви Џуниор, почнал да се занимава со музика во 1980-тите години, но се зацементирал во историјата на хип-хопот кога ја објавил песната “Gangsta’s Paradise”.

Тоа било првата рап песна во историјата која дошла на првото место на британските топ листи.

Иако објавена пред повеќе од 25 години, песната се слуша и денес. На “Spotify” надминала 1 милијарда преслушувања.

Во текот на четири-децениската кариера Кулио снимил осум студиски албуми и освоил три MTV музички награди.

Други негови хитови се “Fantastic Voyage”, “Rollin’ With My Homies”, “1, 2, 3, 4” (Sumpin’ New) и “Too Hot”.