Погледнете што се случува во срцето на ураганот Ијан (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Летачкиот инженер Ник Андервуд објави снимка од моментите кога неговиот екипаж летал низ внатрешноста на ураганот Ијан за да собере податоци, додека ураганот се движел кон Флорида со ветрови од 240 километри на час.

На видеото објавено од ловецот на урагани и инженер на Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА) Ник Андервуд се гледа неговиот екипаж во авион како наидува на силни турбуленции додека лета низ „окото“ на ураганот Иан.
Ловецот на урагани ја опиша бурата како „најлошата во неговата кариера“.

Ник Андервуд бил во извидничка мисија со НОАА за да ја процени заканата од една од најсилните бури што некогаш ги погодила САД.

„Секогаш ќе се сеќавам на Иан, барем до следната бура за која ќе можам да кажам дека е најлошата. Во видеото се обидувам да издржам за да соберам податоци. Се чинеше како да трае засекогаш“, напиша Андервуд на видеото.

Тој рече дека неколку моменти му се чинело дека авионот е „во лоша ситуација“, додавајќи дека пилотите сепак ги извлекле.

Воздухопловниот инженер во последните 6 години прелетал 76 пати низ 22 бури.