Home Актуелно Загина рускиот министер за вонредни состојби и цивилна одбрана

Загина рускиот министер за вонредни состојби и цивилна одбрана

Рускиот министер за вонредни состојби и цивилна одбрана, Евгениј Зиничев, загина денеска за време на вежби во Норилск. Ова го соопшти во средата, 8 септември, прес-службата на Министерството, пренесува Русија Бијонд.

„Со жалење соопштуваме дека при вршење на службената должност во Норилск на меѓуресорните вежби за заштита на арктичката зона од вонредни ситуации трагично загина министерот за вонредни состојби на Русија Евгениј Зиничев“, соопшти Министерството за вонредни состојби, додавајќи дека министерот притоа се обидувал да спаси човек.

Зиничев се наоѓаше на чело на Министерството за вонредни состојби од 2018 година. Тој исто така беше заменик-директор на Федералната служба за безбедност на Русија (од 7 октомври 2016 година до 18 мај 2018 година) и вршител на должноста губернатор на Калининградската област (од 28 јули до 6 октомври 2016 година).

Со указ на претседателот на Руската Федерација од 21 декември 2020 година, доделен му е воен чин генерал.

Тој исто така беше носител на орденот „За заслуги пред татковината“ од IV ред со мечеви, медал на орденот „За заслуги пред татковината“ од II ред и медал „Суворов“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…