Заев од Пелинце: Да направиме историја, да кажеме ДА на НАТО!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев на Илинден имаше свое обраќање од Пелинце, каде што потенцираше дека референдумот треба да биде успешен, за да се испише нова историја и да се каже ДА на НАТО и забрзано да се продолжи на патот кон посветла иднина.

30-ти септември е денот за новата историска одредница кога ке донесеме одлука за нашата иднина во европскот семејство и членка на НАТО порача премиерот Зоран Заев од говорот од прославата за Илинден во Пелинце. Заев ги повика граѓаните на 30 септември да излезат и да заокружат да и да изберат иднина наместо небиднина.

Заев рече дека Договорот со Грција е патриотски и оти со него се зачувувале македонскиот идентитет, јазик и државјанство и повика на единство, наместо на поделби.

„Да ги запреме сите поделби, да се обединиме внатре и со европското семејство за да имаме утре. Пред неколку дена го потврдивме датумот за референдумот – 30 септември. Тоа е денот на нашата нова историска одредница, денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина како дел од семејството на ЕУ и на најсилниот сојуз НАТО“, рече Заев.

Освен насобраните граѓани пораките на Заев ги слушаа претставници на дипломатскиот кор државни функционери, коалициони партнери, пратеникот Амди Бајрам кој го пречека премиерот за да се поздрави. Претставници на ВМРО ДПМНЕ беа присутни на почетокот кога положија свежо цвеќе. Цвеќиња положија и други партиски државни делегации, претставници на сојузот на бороците на армијата. За културно уметничкиот дел беа задолжени хорот Вардар, Ансамбот Танец и за прв пат културно уметничкото друштво Емин Дураку.