За прв пат протест на работниците во британскиот ланец ресторани Мекдоналдс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работниците од два ресторана на синџирот за брза храна Мекдоналдс за првпат протестираат и бараат зголемување на нивните плати и подобрување на работните услови.

Како што објавува ВВС, работниците на McDonalds, синџирот за брза храна, којшто влезе на Британскиот пазар во 1974 година, за првпат излегоа на штрајк. Оваа фирма има 1249 ресторани во Британија, а во нив работат 115 илјади работници.

Работниците бараат, да им се зголеми саатнината најмалку за 10 фунти (околу 670 денари), како и да им се осигура работното место во рамките на договорот. Раководителите на McDonald`s тврдат дека, на работниците им исплаќаат повеќе од просечен износ на плата и оти 86 проценти од персоналот избираат флексибилни работни услови, кои не ги гарантираат минималните работни услови.

Поддршка од членовите на Лабуристичката Партија и од синдикатот

Штрајкот на околу 40-те работници од два ресторана во Кембриџ и во Лондон, го поддржаа и членовите на опозициската Лабуристичка Партија во Британија. Лидерот на партијата, Џереми Корбин, забележа дека е на страната на храбрите работници, кои со овој штрајк за првпат забележуваат ваква историја во Британија.

Исто така, работниците наидоа на поддршка и од страна на синдикатот на пекарските работници. Претседателот на синдикатот, Ијан Ходсон рече дека, синдикатот целосно ги поддржува работниците, коишто компанијата досега неколкупати ги изневерила.

Штрајкот започна вчера, а е најавено 24 часовно штрајкување.

Извор: Гласник