ЗА ПОДЛАБОКИ ОРГАЗМИ: Вака може да доживеете врв за паметење…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Применете ги овие совети и вежби за да можете да доживеете посилни, подолги и подлабоки оргазми..

Женските магазини обично се полни со инстант совети за постигнување на врвот, од жешкиот туш со партнерот, до испробување на одредени позиции. Меѓутоа, често се заборава на интимните моменти кои ги минувате сами со себе, а тие и тоа како се важни за вашиот сексуален живот. Евете што би било добро да направите по тоа прашање…

Самозадоволувајте се секојдневно. Ова е основна вежба на патот кон достигнување поголемо уживање со партнерот, а има големо благотворно дејство на организмот. Научете како да сакате, да се допирате и задоволувате себеси.

Внатрешна стимулација

Оргазмот кој настанува со стимулација на клиторисот секогаш е уживање, меѓутоа внатрешниот (вагинален) оргазам ќе го обземе целото ваше тело. Избегнувајте го клиторисот и фокусирајте се на вагиналното подрачје користејќи ги прстите и некоја сексуална играчка.

Вдишете длабоко

Поголемиот број луѓе преку дишењето го користат исклучливо горниот дел на белите дробови, а забораваат на стомакот. Некои од жените во текот на односот го задржуваат дишењето или се стегаат. Длабокото дишење доведува до поголем кислород до вашите бели дробови, што ќе ја подобри циркулацијата во вашето тело, а со самото тоа и циркулацијата во интимната зона.

Мрдајте ги колковите

Веројатно веќе до сега сте приметиле дека жените кои сензуално танцуваат заносно ги мрдаат колковите. Научете како да ги мрдате колковите на различни начини за да се доведете до возбуденост, уживање, а потоа и оргазам.

Обидете се да не достигнете оргазам

Да, добро прочитавте. Целта е со помош на стимулација да дојдете од оргазмична состојба, но не да дојдете до врвот. Кога по некое време конечно ќе го доживеете оргазмот, ќе бидете значително посилни од вообичаено.

Препотете се

Жените повеќе се возбудуваат кога се мрдаат, а момците кога ќе се опуштат. Вежбајте или играјте половина час пред да почнете со самозадоволувањето или да го започнете односот со партнерот. Ако не ви пречи, немојте да се туширате и останате препотени. Фермоните од потта можат да ве возбудат вас и вашиот партнер.

Опуштете се

Додека се задоволувате, можете да дишете силно, испуштате звуци и да ги мрдате своите колкови, но немојте да се оптеретувате со тоа дека треба да постигнете оргазам. Едноставно уживајте во своето тело и моментот.