Живот

Како треба да изгледа совршениот маж? – Ова се 11 карактеристики со кои ќе го препознаете

Треба да сака стабилност и да сака да ве гледа среќна. Мора да ве почитува и да ви дозволи да имате свој живот.

Никој не вели дека треба да барате совршенство, но неопходно е совршениот маж да има некои карактеристики.

За да биде вистински за вас, тој треба…

1. Да има работа. Не треба да најдете некој кој ќе ве издржува, туку некој кој е стабилен и има замисла за иднината.

2. Да биде „достапен“. Зборуваме физички и емотивно. Да има време за вас и да сака комплетно да ви се посвети.

3. Да биде културен. Сите жени сакаат лидери, но момците со преголемо его и ароганција не ви е потребен во животот.

4. Да нема нездрави зависности. Треба да го сака своето тело и да се грижи за себеси, а не да му штети.

5. Да има добра врска со семејството. Во секое семејство постои драма, но на крајот од денот родителите, браќата и сестрите ви се се’. Односот со неговите многу зборува за него.

6. Да знае да комуницира со вас. Треба да биде отворен со вас и да ги покаже своите емоции, стравови и мислења.

7. Да прави да се чувствувате важни. Да ви покаже дека се грижи за вас и ве почитува.

8. Да ви понуди сигурност дека со него можете да бидете природни. Кога се грижите за килограмите или за фустанот, да знае да ве утеши со вистинските зборови.

9. Да ве почитува. Не смее да користи навреди или погрдни зборови.

10. Да ви дозволи да имате свој живот. Треба да верува во вас и да ви даде простор да ги правите работите кои ги сакате.

11. Да ве насмее. Ова е многу едноставно, но и многу важно. Треба да сака да ве види среќна и да се труди да ве направи среќна.

To Top