Home Шоубизнис Настап на „Д фестивал“ на култниот Архангел

Настап на „Д фестивал“ на култниот Архангел

Рок составот „Архангел“ најави настап на 7. јули на „Д фестивал“, потврдија од продукцијата Пасворд.

„Архангел“ останува култно име на нашата музичка сцена, и на сцената на Балканот. Ристо Вртев го офроми бендот во 1988. година и во својата кариера има објавено 4 албуми меѓу кои Архангел 1 во 1991. година, Архангел 2 во 1993. година, Heart Core во 1998. година и Небесна машина во 2003. година.

„Д фестивал“ ќе се одржува од 6. до 8. јули во Дојран.

Во својата тридневна музичка програма покрај „Архангел“ веќе ги потврди и настапите на бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се Пол Ван Дајк, К.У.Р., „Fink“, Севдализа, Дуке Бојаџиев, „Pussy Riot“, Горан Трајковски, „Smut“…

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кристи Карлсон Романо: И една година по несреќата, сè уште имам сачма зад окото

Кристи Карлсон Романо проговори за видот и за последиците од несреќата при гаѓање глинени …