„ЗА НЕД ДО“ освои 12 злата за Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Академијата за боречки спортови и вештини ЗА НЕД ДО освои 12 златни медали на 7. Интернационален и 11. Сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови „Мигдониа” 2018 кој викендот се одржа во Солун.

На натпреварите учествуваа над 150 клубови со преку 2.000 натпреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од осум натпреварувачи кои се бореа во повеќе дисциплини.

Комплетниот состав на македонската делегација во која беа и членови и родители ја предводеше главниот тренер на Академијата ЗА НЕД ДО трикратниот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.

„Ние на шампионатот „Мигдониа” кој за грчките боречки спортови и вештини е буквално најголем настан во текот на годината, настапуваме веќе петти пат. Воедно се одржува и интернационалниот натпревар. И на двата настани Академијата ЗА НЕД ДО години наназад се враќа како најнаградуван претставник на земја членка на Светската федерација за боречки вештини. Победите и 13-те медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната“, изјави Дијана Неделковска, главен тренер на Академијата ЗА НЕД ДО.