Трагичната судбина на најголемата порно икона: „Со пиштол ме присилија да го снимам тоа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далечната 1972 година Линда Ловлејс се прослави со еден од најпознатите порно филмови на сите времиња – „Deep Throat“ („Длабоко грло“). Филмот за жената која сфати дека нејзиниот клиторис се наоѓа во грлото ја направи ѕвезда, а набрзо стана и икона на сексуалната револуција која беше обожавана и од славниот Хју Хефнер.

Нејзиниот живот, сепак, беше далеку од бајка. Родена е како Линда Борман, во строго католичко семејство во Бронкс. Нејзината мајка, наводно, често ја тепала, а на само 19 години родила дете кое била принудена да го даде на посвојување, пишува Telegraph.

Кога го запознала Чак Трејнор, нејзиниот прв сопруг, набрзо почнала да живее со него, со цел да побегне од своето семејство. Но, ни тој не ѝ донел среќа. Набрзо станал насилен, а ја контролирал до таа мера што морала да бара дозвола дури и за во тоалет, пренесува Express.

Embed from Getty Images

Токму Трејнор е човекот кој ја вовел во светот на порнографијата, а актерката подоцна открила дека ја тепал и ја терал да се проституира. Наводно, со пиштол ја принудил на групен секс со пет мажи, а тврди и дека со слични методи ја натерал да го сними нејзиниот најпознат порно филм.

Линда и Чак

„Кога го гледате Deep Throat, всушност гледате како ме силуваат. Злосторство е што тој филм воопшто се прикажува, бидејќи цело време додека го снимав имав вперен пиштол во главата“, открива Ловлејс. Во нејзините мемоари Линда опишува како Трејнор се однесувал со неа.

„Ме третираше како пластична кукла. Ме продаваше на други мажи за пари. Се чувствував како ѓубре. Се согласував да снимам секс сцени за да не бидам убиена. Им се закануваше на членови на моето семејство, стравував за нивниот живот“, пишува Линда.

Подоцна, таа се поврзала со феминистичкото движење и станала жестока противничка на порнографијата.

„Не се срамам од моето минато, ниту тагувам поради тоа. Што и да мислат луѓето за мене, тоа не е реално. Кога ќе се погледнам во огледало, знам што сè сум преживеала“, вели таа во едно интервју од 1997.

Во ’70-те имала проглем со дрогата, што ја довело до ситуација да биде уапсена во 1974 година во Лас Вегас, кога ја фатиле со поголемо количество кокаин.

Својот насилен сопруг го напуштила во 1975 година и се омажи за Лери Марчијано и се повлече од порно индустријата. Со Лери имаа две деца, но и нејзиниот втор брак заврши со развод.

Embed from Getty Images

После несреќата која ја доживеа во 1970 година, преку трансфузија на крв, се зарази со хепатит Ц, поради што во 1987 година мораше да се подложи на трансплантација на црниот дроб.

Иако филмот „Deep Throat“ имаше заработка од 600 милиони долари, Линда животот го заврши во сиромаштија. Од заработувачката на филмот не виде ни долар, а нејзиниот бивш сопруг го зел дури и нејзиниот хонорар кој изнесувал 1.250 долари. Ни нејзиното учество во феминистичкото движење не ѝ донело некоја заработувачка.

„Го искористија моето име, но никогаш не ми помогнаа. Знам дека на моја сметка заработија пари, како и сите останати“, изјави Линда.

Почина на 53-годишна возраст, во април, 2002 година, кога доживеа уште една сообраќајна несреќа од која не успеа да се извлече.