За Хајди Клум годините се играчка: Убавицата си лапна 16 години помлад дечко


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славната манекенка и убавица Хајди Клум (44) нема што да крие во врска со новото момче кое е 16 години помлад од неа, па открива дека помеѓу нив има нешто многу повеќе од пријателство.

Откако пред шест месеци раскина со сопственикот на уметничка галерија во Њујорк, Вито Шнабел, кој ја изневери неколку пати, германската манекенка реши да направи пауза од врските.

Сепак, нејзиниот интерес го разбуди 28 годишниот музичар Том Каулиц кој се прослави како гитарист на бендот Токио Хотел.

Том зад себе има еден брак, а по разводот во 2016 година повеќе пати нагласи дека е слободен и подготвен за нова љубовна романса, а истото го изјави и Хајди неодамна.

„Осамена сум и сакам ново момче”, потврди таа за медиумите.