За Фејсбук „нема зима“ – профит од 29 милијарди долари само во вториот квартал од 2021 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гигантот од светот на социјалните мрежи, компанијата Фејсбук Инк., ги зголеми приходите на 29 милијарди долари во вториот квартал оваа година што претставува заработка за над 10 милијарди долари повеќе во однос на истиот период лани.

Сепак, компанијата наведе дека растот на приходите „значително ќе забави“ во втората половина на 2021 година. Забавувањето на продажбата се очекува да се случи по посилниот раст, по периодот на локдаун кога компаниите користеа огласи преку интернет за да стигнат до потрошувачите, јави „Би-Би-Си“.

Вредноста на акциите на Фејсбук се намали за пет проценти по работното време на берзата.

Основачот и извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг оцени дека претходниот квартал бил силен, како и дека Фејсбук продолжува да им помага на луѓето и компаниите да останат поврзани. Бројот на корисници на оваа социјална мрежа се зголеми на 2,9 милијарди.

Иако профитот на компанијата се зголеми за 10,4 милијарди долари во вториот квартал, Фејсбук предупредува дека очекува стапките на раст на вкупните приходи значително да забават од година во година.