За фанатиците на Game of Thrones со подлабок џеб – замок од серијата оди на продажба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фанатичните обожаватели на мегапопуларната Game of Thrones кои имаат подлабок џеб, ќе имаат шанса својот недвижен имот да го збогатат со еден од замоците кои беа дел од популарниот серијал и со тоа да имаат најубав и најавтентичен сувенир од нивната омилена серија.

Госфoрдовиот замок во Северна Ирска е ставен на продажба, а почетната цена е 656.452 долари. Замокот е поевтин од просечен стан во Менхетн, чијашто цена се движи околу 916.000 долари. Замокот, меѓу другите простории, има и 15 спални соби.

Најголемиот замок во Северна Ирска послужи како илустрација на домот на семејството Тарли во серијата. Зданието во неоромански стил го дизајнирал архитектот Томас Хопер во 19 век. До 1921 година им припаѓал на грофовите од Госфoрд. Во Втората светска војна, замокот бил сместувалиште за антифашистичките трупи и затвор за заробениците.

Последниот сопственик го преуредил во комплекс од повеќе луксузни станбени единици.